„Не е секојдневие ова да го работи женско, кога ќе ме видат некои наидуваат со ентузијазам, некои се скептици“
Возењето камиони и тешки товарни возила ја знаеме како работа која воглавно ја работат мажи, но има и исклучоци и примери за жени возачи на камиони.
Една од нив е Марија Петрова од Кочани има 35 години, својата а својата интернационална кариера ја започнала како матурантка.
– Во Италија работев во шпедиција, од мојата 17 година се преселив таму и работев долги години, овде се вратив пред околиу една година.
– Таму голем период минав во Верона, а во последните неколку години бев во една провинција во Болцано. Зборувам одлично италијански, а добро се снаоѓам и со германски и англиски.
– Сега дојдов овде и работам во фирма за рециклирање. Фирмата се занимава со рециклажа на отпаден материјал. Материјал како картон, пластика и слично.
– Нашата цел е да го издовиме тој рециклирачки отпад од останатиот отпад, а со тоа да придонесеме за поздрава животна средина, вели Петрова.
– Овде во фирмата јас сум тим- лидер, ги организирам работите а воедно сум и шофер. Сопственикот на фирмата е жена па тоа ми беше додатна инспирација.
– Па да бидеме реални не е секојдневие ова да го работи женско, кога ќе ме видат некои наидуваат со ентузијазам, некои се скептици.
– Секој различно го сфаќа ова што го работам, но јас карактерно сум многу борбена, вели Марија пред камерите на ,,Зевзекманија”
Марија заедно со своите колеги оди во училиштата и ги едуцира децата да не фрлаат отпад и да го рециклираат и да не ја загадуваат средината во која живеат.
Исто така Марија е и волонтер во ,,Доброволното Противпожарно Друштво” и оди и помага на пожарникарите кога е најпотребно.