
Човек од Индија тврди дека примил 12 дози вакцина и вели дека верува дека тие дози му помогнале против болки во грбот, како и други здравствени проблеми.
Пензионираниот поштар Брамдео Мандал од индиската држава Бихар изјавил дека дозата ја примил девет пати со пријавување со помош на лична карта, а дополнителни дози успеал да добие преку мобилниот и гласачкото ливче на сопругата. Тој изјави дека има 85 години и дека првата доза ја примил во февруари минатата година.
– Верувам дека тоа ми помага за општо здравје. Болките во грбот ми се намалија, добив сила, а апетитот ми се подобри. Постојано барав центри за вакцинација и одев таму, а никој не ме препозна – изјави Мандал.
Засега нема докази дека дополнителните дози на антивирусни вакцини придонесуваат за општата здравствена состојба која не е поврзана со коронавирусот, а Мандал рече дека сака да прими повеќе дози.
извор: skopje1.mk