Изборот на емотивен партнер влијае на нашиот однос кон работата
Психолозите кои го спровеле ова истражување дошле до интересни заклучоци. Петгодишното истражување даде одговор на ова прашање. Изборот на емотивен партнер влијае на нашиот однос кон работата, тврдат тие.
Имено, доколку до нас имаме партнер кој совесно си ја работи својата работа и покажува амбиција да стане уште поуспешен, ќе бидеме мотивирани од неговото однесување и ќе вложиме максимални напори да си ја завршиме работата на најдобар можен начин.
Истото истражување открива дека таквите парови имаат многу повеќе простор за напредување во кариерата, бидејќи постојано се поддржуваат еден со друг.
Во текот на истражувањето, психолозите го следеле деловниот напредок на повеќе од 4.500 брачни парови. Заедно со деловниот напредок, психолозите обрнале внимание и на тоа како паровите го поминуваат слободното време, ги делат домашните обврски и колку се задоволни од бракот.
Резултатите покажале дека луѓето кои покрај себе имале совесен и организиран партнер биле неспоредливо понапредни од луѓето кои покрај себе имале деловно незаинтересиран партнер. Совесните партнери биле сигурно пристаниште и засолниште за нивните емотивни партнери, па браковите на овие испитаници биле посреќни од помалку амбициозните и деловно успешни парови.
Резултатите од ова истражување подеднакво се применети за двата пола, па не е важно дали жената или мажот е поамбициозен во бизнисот, туку важно е поуспешниот партнер да го мотивира другиот на вистински начин.