Во Интервју за порталот ИНОВАТИВНОСТ.МК со Игор Мишевски, коосновач и раководител на програма во ИМПАКТ ФОНДАЦИЈА Скопје одговра на наколку клучни прашања поврзани со овој начин на работа.Тој има повеќе од 18 години искуство со управување со проекти и лидерство во развојни интервенции во приватниот сектор и поседува експертиза за развој на пазарни системи и градење на компании.
Во која мерка е развиено фриленсерството во Македонија? Може да споделите некои бројки и сознанија за состојбата дома?
-Во Македонија сме забележале дека постои голема мрежа на поединци кои заработуваат дополнителен приход од фриленсерска работа. Некои пак, се посветиле целосно на заработка преку овој тип на работа. Во најголем дел од случаите се работи за млади oд 18 до 35 години, вработени кои после работно време одлучуваат да посветат некој час плус како фриленсери. Според Global Internet Freelance Market Overview Македонија во 2018 беше на второ место во светот по број на фриленсери на 1000 жители. Проценуваме дека моментално во земјата има околу 10.000 активни фриленсери. Овие податоци говорат дека фриленсерството е доста атрактивно на нашите простори.
Покрај големиот раст на фриленсерството, утврдивме дека постојат и многу препреки и недостатоци кои го оневозможуваат функционирањето на оваа група на луѓе. За таа цел пролетва Импакт Фондација го иницираше проектот за поддршка на фриленсерството во нашата држава која ќе се фокусира на три клучни проблеми: 1) подобрување на вештините на целните групи, 2) поддршка на деловните модели за претпријатијата во приватниот сектор приватниот сектор (компаниите) и 3) подобрување на состојбата и информирањето за самовработување преку фриленс активности.