Оглас за келнер за работа во Србија објавен на социјалните мрежи предизвика бурни полемики. Некои сметаат дека платата е прениска, други велат дека е коректна... А што мислите вие?
Платата во Србија, исто како и кај нас, за многумина е болна тема, а додека едни тврдат дека никаде не можат да најдат работа, други остануваат на изреката „работа има, но нема кој да работи“. Вистината веројатно е некаде помеѓу, а огласот кој се појави на социјалните мрежи предизвика голем број коментари. Луѓето беа огорчени поради платата што сопственикот на еден ресторан во Белград им ја нуди на работниците за позицијата готвач и келнер, наведувајќи дека е срамота да се потценуваат луѓето кои работат на овие позиции. Други, пак, сметаат дека неговата понуда е сосема коректна доколку се земе предвид работното време, обемот на работа и степенот на квалификации.
Огласот гласи вака:
„Потребни се работници со искуство на следните позиции: готвач или пица мајстор, почетната плата е 65.000,00 динари (34.000 денари), Келнер / келнерка - почетна плата 40.000,00 динари (20.920 денари) + бакшиш“, напишал авторот на огласот. Огласот беше проследен со низа бурни коментари:
„Друже, само келнер со една рака може да работи за 40.000“, „Извини, морам да прашам како ова + бакшиш влегува во работни услови. Не даваш ти бакшиш, даваат гостите, ако се задоволни.."," Готвачи, а ниту пица мајстори нема ни за двојно повеќе. За тие пари нема повеќе ни помошници ", се само дел од коментарите во кои луѓето се бунат дека платата за овие позиции е прениска.
Авторот на огласот дополнително изјави дека работното време на келнерите е околу шест часа дневно, а им следуваат и два слободни дена во текот на неделата. Дебатата сепак продолжи. Имаше и такви кои беа задоволни од понудата и веднаш застанаа на страната на сопственикот на ресторанот:
„Од моја перспектива, оваа работа воопшто не звучи лошо, ќе ве побарам за да се договориме“, „Оние што велат дека платата за келнер од 40.000 динари е мала, ги молам да престанат! Моите помлади колеги авиомеханичари работат 160 часа месечно, за толкава плата... И немаат ниту бакшиш, пијалоци и храна, а работат далеку посериозна работа" "Татко ми работеше за 30.000 динари во еден многу познат ресторан каде што цело лето работеа 10 часа и повеќе. Затоа, намалете го гневот“, се дел од коментарите во одбрана на сопственикот на ресторанот.