За разлика од Западен Балкан, каде пазарот за крипто-банкомати е во развој, во светот тој достигна вредност од преку 75 милијарди долари. Најголемо учество во приходи, повеќе од 45 проценти, има Северна Америка.
Пазарот на крипто-банкомати во светот моментално вреди нешто повеќе од 75 милиони долари, се проценува во извештајот на “Grand View Reaserch“, со очекувања да се зголемат за повеќе од 59 проценти до 2028-ма година, благодарение на се поголемиот интерес за криптовалутите, пишува “Бизнинс и Финансии”.
Минатата година функционирале повеќе од 29.000 вакви уреди ширум светот, најмногу во Северна Америка, која имала удел во вкупните приходи поголем од 45 проценти. Брзината на растот на овој пазар во САД придонело поставувањето на банкомати на јавни места, а минатата година американските оператори на биткоин банкомати оформиле коалиција “Cryptocurrency Compliance Corporative” со цел да се ускладат стандардите поради спречување на злоупотреба на пазарот со криптовалути.
Се предвидува дека пазарот на крипто-банкомати најбрзо ќе расте во азиско-пацифичките земји, посебно на Филипините, благодарение на ширењето на 5Г технологијата и се поголемиот број на двонасочни банкомати за трансакции со дигитални валути.
Биткоин носи речиси третина од вкупните приходи
Хардверските компоненти за крипто-банкоматите, како што се прекинувачи на вратите, автомати за издавање на пари, кутии за проширување, рециклирачки уреди и кутии за кеш, учествувале со повеќе од 8 проценти во вкупните приходи на овој пазар. Сепак, експертите проценуваат дека наредните години ќе растат најбрзите софтверски решенија кои ги поврзуваат крипто-банкоматите и клауд-сметководството. Благодарение на тоа, оние кои пружаат вакви услуги може да имаат целосна контрола над финансиските трансакции и да ја следат нивната усогласеност со регулаторните барања.
Минатата година банкоматите за трансакции со биткоини преовладувале на пазарот и оствариле нешто повеќе од 30 проценти од вкупните приходи. На тоа влијае и се поголемата побарувачка за оваа дигитална валута, но и одлуките на некои компании, како “PayPal”, да овозможат плаќање со биткоини во трговски објекти.
Се очекува дека во наредниот период значаен раст ќе забележат и банкоматите кои настојуваат повеќе да промовираат употреба на лајткоин. За тоа ќе придонесат и се поголем број на компании кои работат со банкомати за биткоин-транскации, но даваат можност да се тргува со лајткоин.
Крипто Приштина
Угостителите минатата година предничеле во светот по дозволите услугите да се плаќаат со криптовалути. Тие сочинувале третина од вкупните плаќања со виртуелни пари, а забележано е дека се повеќе критпобанкомати се инсталираат во ноќните клубови ширум светот.
Некои регионални медиуми кон крајот на минатата година, повикувајќи се на неименуван извор, објавиле дека во Белград и Нови Сад има два такви банкомати, а еден функционира во Ниш. Во Босна и Херцеговина има шест, три во Бања Лука и три во Приједор. Во Приштина има најмногу од Балканските градови, вкупно четири, дека во Македонија, Црна Гора и Албанија нема ниеден банкомат за трансакции со криптовалути.