Panasonic воведува можност за четиридневна работна недела, со што се приклучува на зголемениот број јапонски компании кои го следат светскиот тренд за промовирање на добра рамнотежа помеѓу работата и животот.
Вработените во електронскиот конгломерат со седиште во Осака можат да преземат споредни работи и да поминуваат време на локална волонтерска работа во нивните дополнителни слободни денови, рече извршниот директор Јуки Кусуми на минатонеделниот брифинг со инвеститорите, пренесува Блумберг.
Така тие се обидуваат да привлечат таленти
Потегот на Panasonic е во согласност со активностите на технолошките компании ширум светот кои се обидуваат да привлечат таленти на пазарот на труд нудејќи пократка работна недела.
Amazon.com тестираше четиридневна работна недела за избрани вработени во 2018 година, а производителот на стоки за широка потрошувачка Unilever започна едногодишен пробен период во декември 2020 година за својот персонал во Нов Зеланд. Земјите како Ирска и Исланд исто така го тестираат, пренесува Индекс.
Во Јапонија, група пратеници расправа за предлогот на вработените да им се даде слободен ден со вообичаените два неработни дена во неделата, за да се заштити нивната благосостојба.