Водечката компанија во областа на игри на среќа и спортски обложувалници „Sport Life“, на најуспешните 60 вработени за 2021 година, им додели ваучери во износ од 12.000 денари за одмор или летување во посакуваната дестинација
Компанијата Sport Life ги награди своите најуспешни вработени за 2021 година, а вкупно 60 од нив ќе може да го искористат вредносниот ваучер од 200 евра за годишен одмор и да го поминат слободното време со своите најблиски.
„Сакаме да пратиме порака преку ова доделување на наградите за најуспешните вработени за 2021 година дека нашата компанија ги забележува и ги вреднува сите вработени коишто даваат значителен придонес во процесот на работа и истите тие се мотивирани за уште поголеми достигнувања и успеси во наредниот период. Остануваме посветени на процесот на развој на нашите вработени и во иднина за продолжување на нашата заедничка успешна приказна. Воедно тимот на Sport Life обложувалници на сите им ги честита новогодишните и божиќните празници, со желба за многу здравје, среќа, радост и успешна година“, велат од Sport Life.