Целта на Проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“ е да се поддржат долгорочно и одржливо вработување и деловни можности за ранливите и маргинализираните групи преку воспоставување структури за поддршка на социјалните претпријатија кои ќе обезбедат низа услуги како што се трансфер на знаење, градење капацитети, образование и обука, бизнис коучинг, организација на настани, споделување на канцелариски простор или опрема.
Проектот ќе ги идентификува потребите, ќе развие и промовира нови услуги и ќе понуди понатамошна поддршка за воспоставување на екосистем за развој на SE, преку олеснување на прилагодувањата на политиката и правната рамка. Предвидени целни групи се: јавни институции како министерства, општини, АВРМ, АПЕ, граѓански организации, социјални претпријатија итн.
Проектот исто така има за цел да ја зголеми свеста и да ја подобри видливоста на социјалните претпријатија и секторот на социјалната економија во земјата. Во рамките на проектот ќе се развие веб-портал кој дополнително ќе ги поддржи постоечките и потенцијалните социјални претпријатија/претприемачи да најдат информации, да комуницираат и вмрежуваат, да промовираат партнерства и да разменуваат искуства.
За да го комплетира својот тим од експерти, EPTISA бара кандидати за следните позиции:
Senior and Junior Non-Key Procurement and Training Experts
Подетални информации за позициите прочитајте ТУКА.