Со нов ковид протокол е и Република Финска, односно сите лица вклучувајќи и наши државјани кои не можат да се вакцинираат од медицински причини, можат да влезат во земјата доколку имаат лекарско уверение кое го покажува тоа, заедно со потврда за негативен тест на ковид, не постар од 48 часа.
Германија ја врати Северна Македонија на листата на ризични земји, а според најновата одлука на германските власти, од македонските државјани при влез во Германија ќе се бара електронско пријавување и поседување вакцинален сертификат, потврда за прележан ковид или негативен ПЦР тест.
За лицата кои не биле заразени со вирусот и не се вакцинирани при влез во Германија ќе следува 10 дневен карантин, при што можат да бидат ослободени најрано на петтиот ден со тестирање за ковид-19.
Од оваа мерка се ослободени невакцинираните деца до шест години, на кои сепак карантинот им се прекинува по пет дена.
Со нов ковид-протокол е и Република Финска. Сите лица, вклучувајќи и наши државјани, кои не можат да се вакцинираат против ковид-19 од медицински причини, можат да влезат во Финска доколку имаат лекарско уверение кое го покажува тоа, заедно со потврда за негативен тест на ковид, не постар од 48 часа.
Сите останати кои пристигнуваат во Финска и натаму се задолжени да приложат вакцинален сертификат или потврда за прележан ковид, во изминатите шест месеци, заедно со негативен тест за ковид, не постар од 48 часа.
Истовремено, Владата на Хонг Конг донесе одлука за измена на условите за влез во Хонг Конг, согласно која Северна Македонија се наоѓа во Група А, односно земји каде се детектирани случаи на омикрон. Поради тоа, се ограничува влез на наши државјани и странци кои во изминатите 21 ден престојувале во Северна Македонија.
Дополнително, дозволен е влез за резиденти на Хонг Конг, но со 21 дневен задолжителен карантин и 6 ПЦР теста.
извор: 360stepeni.mk