Пазарот на криптовалути во изминатите 24 часа ја зголеми својата капитализација за 2,1 отсто, а според податоците од веб-страницата „Коингеко“, таа моментално изнесува 2,1 трилиони долари.
Биткоинот порасна за 1,4 отсто во истиот период, а моментално се тргува по 41.930 долари.
Етереумот ја зголеми својата вредност за 1,9 отсто за еден ден и моментално се проценува на 3.125 долари.
Најголемите финансиски регулатори на Европската унија го ажурираа повикот за забрана на клучните форми на ископување биткоин, предупредувајќи на зголемување на уделот на обновливата енергија посветена на ископувањето криптовалути.
Ерик Теден, потпретседател на Европската управа за хартии од вредност и пазари, изјави за „Фајненшл тајмс“ дека ископувањето биткоин стана национален проблем во неговата родна Шведска и дека криптовалутите претставуваат ризик за постигнување на целите од Парискиот договор за климатски промени.