Според Tripadvisor, Дубаи, рибарското село од 20 век кое буквално расцвета во глобален туристички центар во 21 век, е најпопуларна дестинација за патување во 2022 година.
Дубаи се најде на врвот на листата најпопуларни дестинации за патување, според изборот на Travellers' Choice Awards. Зад Дубаи се Лондон, Канкун, Бали, Крит, Рим, Кабо Сан Лукас, Истанбул, Париз и Ургада.
„Дубаи е ултрамодерен град кој има се, од златни плажи, ресторани од светска класа до прекрасни хотели“, изјави директорот на Tripadvisor Џастин Рид за CNN.
Наградите од Travellers' Choice Awards се основаат на рецензии од туристи кои престојувале на тие дестинации, Дубаи доби одлични рецензии за сите туристички сектори и е омилено место за туристи на кои им е потреба мала возбуда.
За патниците кои сакаат да го посетат Дубаи годинава, правилата за влез може да бидат малку комплицирани и зависат од земјата од која доаѓате. Патниците кои доаѓаат од повеќето земји во Дубаи мора да покажат негативен ПЦР тест направен во последните 72 часа од доаѓањето, но тоа е скратено на 48 часа од некои земји.
Исто така, одбрани се и најдобрите во категорија дестинација во „тренд“, а на листата се Мајорка, Каиро, Родос, Дубровник, Ибица, Санторини и други.