Во еврозоната, цените се зголемија за 8,8 отсто во третиот квартал од 2021 година, што е најсилно од 2005 година кога Евростат почна да собира податоци.
Цените на станбените недвижности во ЕУ и во еврозоната пораснаа во третиот квартал од 2021 година, најсилно во последните 15 години, а во Хрватска нивниот раст беше блиску до европскиот просек, се наведува во извештајот на Евростат.
На ниво на ЕУ, цените на станбените недвижности се зголемија за 9,2 отсто во третиот квартал од минатата година во споредба со истиот период во 2020 година.
Тие во вториот квартал пораснале за 7,4 отсто, покажуваат ревидираните податоци, пренесува „Хрватски вијести“.
Извор: slobodenpecat.mk