Од почетокот на пандемијата, германската економија загуби 350 милијарди евра додадена вредност. Резултатот е ваков поради драстично намалената приватна потрошувачка. Податоците ги објави Институтот за германска економија (ИВ) во Келн.
Лани Германија имаше раст од 2,7 отсто, откако во 2020 година е намален за 4,6 отсто. Влада уште во септември поаѓаше со стапка на економски раст од 4,1 за 2022 година. Сепак, како што дознава германската новинска агенција ДПА од владини извори, новата Влада за оваа година очекува економски раст од само 3,6 отсто.