Нова година, нови цели, а луѓето се жедни за промени или барем носење на нови одлуки кои мислат дека ќе им донесат напредок
Така изгледа токму јануари – месец кога најголем број на вработени даваат откази, бидејќи во просек еден од пет луѓе бара нова работа.
Ник Кирк, директор на една компанија за вработување, вели дека луѓето сакаат нов почеток. Тој посочи дека во јануари се зголемува бројот на пријави за нови работни места.
Уште поинтересно е што тоа во главно се случува на средина од јануари, а најчесто во вторник.
Јануари може да биде плоден и за оние кои не се одлучуваат на радикални промени. Имено, овој месец е време и за унапредувања и зголемувања на платите.
„Многу компании планираат големи промени на почетокот од годината“, вели Меги Олд, уште една од директорките. Таа додава дека некои луѓе, сепак, не се гледаат себеси во тоа да бараат нови можности.
Меѓутоа, промените во овој месец, не се поврзани само со работата. Во овој период се преиспитуваат и врските, семејните односи… Луѓето повеќе го ценат времето поминато со блиските.
Тоа дополнително ги мотивира.
Исто така, во јануари се случуваат и најголем број на разводи, и тоа веќе во првата недела.
извор: rabotnik.com.mk