Индонезискиот рудник „Grasberg“, во сопственост на „Freeport-McMoRan“, ја врати својата водечка позиција меѓу најголемите рудници за злато во светот.
Во третиот квартал од 2021-ва година, таму беа ископани 371.000 тројански унци злато, на тој начин „Grasberg“ ги остави зад себе „Carlin“ во САД и „Olimpiada“ во Русија.
Помеѓу 1-ви јули и 30-ти септември, рудникот „Carlin“, во сопственост на „Barrick“, ископал 340.000 тројански унци злато, додека најголемиот рудник во Русија ископал 289.000 тројански унци од овој благороден метал.
Сепак, приносите на последните две паднаа за 24 и 11 отсто во споредба со една година порано.
Два други рудници, исто така во сопственост на „Barrick“, се рангирани на четврто и петто место. Тоа се „Pueblo Viejo“ и „Cortez“, кои ископаа по 212.000 тројански унци злато.
Десетте најголеми рудници за злато во светот извадија 2.339 милиони тројански унци злато во кварталот, што е за 5% повеќе од претходната година.