Претседателот на СОНК во Топ Тема на која за дискутираше за продолжувањето на школската година со физичко присуство, рече дека синдикатот нема никаква улога во процесот за одлучување. СОНК ја поздравија одлуката за продолжување на зимскиот распуст за две недели, но сметаат дека моменталната ситуација не е погодна за продолжување на наставата со физичко присуство.
Од превентивни причини побаравме наставата да продолжи онлајн, барем за две недели за да се види состојбата каква ќе биде. Од тие причини сметаме дека превентивата е најдобриот инструмент за да се намали бројот на заразени во училиштата и да не дојдеме во ситуација да се отвараат нови кластери во училиштата. Се работи за многу осетлива група, тоа се деца, нашето најмило, но од аспект на синдикати и од аспект на заштита на вработените, безбедност и здравје при работата, сепак мораме да водиме сметка и да се обезбедат безбедни и здрави услови за работа, рече претседателот на СОНК.
извор: lokalno.mk