Низ историјата, акциите се покажаа како најефикасно средство за надминување на трошоците од инфлација. Сепак, неопходно е да се применат посебни стратегии за инвестирање во инфлаторни услови.
Според еден од најуспешните светски инвеститори, Ворен Бафет, во услови на инфлација најважно е да се најде компанија која има способност да ги зголеми цените без да го изгуби уделот на пазарот или обемот на продажба.
Многу важна ставка во инвестирањето за време на растот на цените е диверзификацијата на ризикот, па на инвеститорите им се советува да го ублажат ризикот со инвестирање во различни форми на средства: акции, обврзници, недвижен имот и слично.
Кога станува збор за инвестирање во акции на компанија, при инвестирањето потребно е да се внимава на задолженоста на компанијата. Повисоките каматни стапки ја прават ранлива позицијата на позадолжените компании. Неопходно е да се најдат компании со ниски трошоци за работна сила и стабилен синџир на снабдување. Кога се инвестира на американскиот пазар, најдобро е да се најдат соодветни small-cap компании(компании со пазарна вредност од 300 милиони до 2 милијарди долари).
Треба да се обрне внимание и на промените во однесувањето на потрошувачите. Сè поголем број потрошувачи доаѓаат од земјите во развој кои имаат голем потенцијал. Голдман смета дека американските акции се главно преценети и дека најдобро е да се бараат алтернативи на пазарите во развој кои, покрај акциите од растечките компании, нудат и обврзници со висок принос. Голем потенцијал имаат кинеските компании кои се побрзо и побрзо се пробиваат на пазарот. Кина одлучи да ја намали стапката на економски раст, за да го зголеми нејзиниот квалитет. Сè повеќе се свртува кон заштитата на животната средина и целта за нула јаглерод. Една третина од компаниите со најголем годишен приход се компании од Кина. Покрај тоа, Кина нуди државни обврзници со висок принос што му овозможуваат на инвеститорот да го намали ризикот поради ниската корелација со американскиот пазар.
Една од алтернативите е европскиот пазар, каде особено е нагласена заложбата за заштита на животната средина. Осум од 10-те најважни компании за чиста енергија работат во Европа. Исто така, европските компании имаат поголем дивиденден принос.
Затоа, при инвестирањето, покрај потеклото, капитализацијата и секторот на компанијата, потребно е посебно внимание да се посвети на технолошките иновации, со посебен акцент на здравствените услуги, промените во однесувањето на потрошувачите и одржливоста, особено во секторот на недвижности.
Целосниот извештај е достапен овде.