Во 2021 година во ЕУ биле продадени 48 хибриди повеќе од возила со дизел мотори.
За првпат во Европската Uнија, хибридни возила, кои користат електрична енергија и мотор со внатрешно согорување во исто време, се продадени во повеќе примероци од автомобилите што користат дизел како гориво.
Според Reuters, минатата година во ЕУ се продадени 48 повеќе хибриди отколку возила со дизел мотори
Во текот на 2021 година, во Европската Унија се регистрирани 1.901.239 новорегистрирани хибриди, што е значителен пораст во однос на 1,1 милион возила од овој тип, колку што првпат биле регистрирани во 2020 година.
Од друга страна, во ЕУ во 2021 година се регистрирани една третина помалку автомобили со дизел мотори, од 2,77 милиони во 2020 година, продажбата минатата година паднала на 1.901.191.
За потсетување, во декември 2021 година во ЕУ се продавале повеќе чисто електрични автомобили отколку дизели.
извор: kajgana.com