Мајорел - Новоотворена интернационална компанија вработува во Скопје!
Мајорел, глобален водечки контакт центар со седиште во Грузија, 66.800 вработени и претставништва во над 35 земји во светот ги отвори своите први канцеларии во Македонија. Компанијата најави 200 работни места, а во моментов се активни повеќе огласи за вработување.
Во моментов бараме кандидат за работа на позицијата Employer Branding & Marketing Specialist.
Бараме кандидат кој ќе биде партнер со одделот за маркетинг и човечки ресурси/регрутација и ќе работи на дефинирање на стратегијата за маркетинг и брендирање на Majorel како работодавач во Македонија.
Позицијата подразбира и управување со социјални медиуми: Стратегија за содржина, креирање содржина, управување со проекти, работа на веб-страница (создавање содржина, подобрувања), работа на дигитални/недигитални канали за локални маркетинг активности, поддршка со кампањи за ангажирање и регрутирање на вработени, внатрешна комуникација, следење на конкуренцијата и новите трендови во индустријата и слично.
Компанијата нуди:
- Програми за кариерен развој
- Здравствено осигурување
- Wellbeing програма
- Флексибилен распоред и договор на полно или скратено работно време
- Конкурентна плата и бонуси за учинок
- Меѓународна и мултикултурна работна средина
Сите детали за позицијата и можноста за аплицирање се на ЛИНКОТ
Седиштето на Мајорел Македонија