Брзиот развој на ласерската технологија и индустриската употреба на CNC машините (Computer Numerical Control) ја зголеми потребата од машини кои го автоматизираат производствениот процес. Речиси и да не постои современ машински парк без машини за додавање лимови на CNC ласери
Станува збор за машини кои го автоматизираат процесот на ласерско сечење на лим. Тие го скратуваат времето потребно за обработка на лимот при што се намалува човечкиот ангажман, а се зголемува квалитетот на крајниот производ и ефикасноста при процесот на ласерско сечење.
„Првата машина за додавање лим на CNC ласер, во погоните на „Брако“ се произведе во јуни, минатата година. До крајот на 2021 година испорачавме 31 машина, а од почетокот на годинава, работиме на четири нови“, велат одговорните од производствениот оддел.
Тестирањата покажуваат дека за само 1 минута и 40 секунди машината го заменува претходниот со нов лим. Може да се додаваат лимови со различни димензии: 3м х 1,5 м, 4м х 2м, а максималната дебелина на лимот може да достигне и до 25 мм.
„Брако“ е единствен производител во државава на машини од овој тип, кои како производи со поголема додадена вредност се сто проценти наменети за извоз во Швајцарија. Успешно позиционирана на светските пазари, „Брако“ е компанија која е најдиректен генератор на сериозни ставки во бруто домашниот производ. Со инвестирањето во современа технологија, стручен кадар и позитивна корелација со трендот на технолошки напредок, таа продолжува да биде конкурентна во светски рамки.
Во моментов Брако има потреба од кандидати за работа на следните позиции:
IT поддршка
линк за повеќе детали и аплицирање
Контролор за влезна контрола
линк за повеќе детали и аплицирање
Референт за обезбедување на квалитет
линк за повеќе детали и аплицирање
Електричар
линк за повеќе детали и аплицирање