
Таксистот Никица Рукавина го возел мажот кој доживеал сообраќајна несреќа во Карловац до Дубровник и го оставил на саканата дестинација и се упатил назад кон Карловац. Но, набрзо добил повик од централата и неговите колеги му рекле дека клиентот се пожалил дека изгубил голема сума пари.
Таксистот, кој веќе бил во близина на Сплит, застанал, погледнал на задното седиште и видел коверти со пари. Според неговата проценка, во трите коверти имало околу сто илјади куни, иако не ги броел парите.
Никица без двоумење го свртел таксито и се вратил во Дубровник за да му ги врати парите на клиентот.
Ковертите со задоволство биле вратени на сопственикот, а се испоставило дека во нив имало 90.000 куни (скоро 12.000 евра).
Никица за наградата добила сто куни, што е нешто повеќе од 13 евра, што многумина го опишаа како срамна награда.