Доставата на производот до адресата треба да ја извршат лиценцирани даватели на поштенски услуги
Агенцијата за пошти, тврди дека будно ги следи состојбите во однос на измамите од „дивите даватели“ кои доставуваат пратки кои се производ од онлајн пазарње и ажурно презема активности кои се во нејзина надлежност.
Агенцијата не е надлежна да постапува по ваквите пријави, но сепак им укажува на граѓаните дека пазарењето од нерегистрирани - неверификувани онлајн трговци претставува голем ризик од причина што тие воопшто не се заштитени како потрошувачи бидејќи немаат фискална сметка за производите кои што ги нарачуваат, ниту пак некаква гаранција за истите.
Во домашниот поштенски сообраќај лиценцираните даватели покажаа дека успешно ги менаџираат оперативните процеси преку кои се обезбедува сигурна достава на е - пратките од корисниците на поштенски услуги кои се во својство на испраќачи на пратки до примачите. Давателите на поштенски услуги не одговараат за содржината на пратката туку дека можат да преземат одговорност само за губење или целосно оштетување на пратката, за нејзиното делумно оштетување или ограбување или пак за пречекорување на рокот за достава.
На поштенскиот пазар моментно работат 43 лиценцирани даватели на поштенски услуги односно, 42 правни лица со Општо овластување за обезбедување на поштенски услуги, и АД Пошта на Северна Македонија – Скопје со индивидуална дозвола за обезбедување на универзална услуга.
Големиот интерес на правните субјекти да започнат со работа во поштенскиот сектор е тренд кој својата највисока точка ја достигна кон крајот на 2020 и првата половина на 2021 година, како резултат на новата општествена реалност поврзана со Ковид-кризата. Заради променетите навики на граѓаните и фирмите, а особено со растот на е-трговијата, очекуваме овој тренд на интерес да се движи во нагорна линија.
Агенцијата за пошти, тврди таа, прави темелна и сеопфатна анализа, во законска рамка се разбира, на правните субјекти кои ќе аплицираат за Општо овластување за обезбедување на поштенски услуги – лиценца, со цел да станат учесници и на тој начин да им се овозможи пристап до пазарот на поштенските услуги, по што во целост ги отфрлам реакциите дека лесно се добива општо овластување.
извор: vesnik.com