Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.01 – 31.01.2022 година вкупниот промет изнесувал 901.761.990 денари и е зголемен за 7,30 отсто во однос на претходниот месец.
Класичното тргување изнесувало 698.220.800 денари и е намалено во однос на декември за 7,48 отсто кога изнесувало 754.690.781 денари. Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 558.947.787 денари и обврзници во вредност од 139.273.013 денари.
Блок трансакциите во јануари изнесувале 203.541.190 денари и се зголемени за 138,19 отсто во однос на декември.
Бројот на трансакции во јануари изнесувал 1.879 и е зголемен за 13,33 отсто во однос на декември кога изнесувал 1.658.
Најтргувани акции на официјалниот пазар за јануари се на Комерцијална Банка АД Скопје, следи Алкалоид АД Скопје и третото место го зазема НЛБ Банка АД Скопје.
Месечниот статистички билтен за јануари 2022 година можете да го погледнете тука.