Босна и Херцеговина полека останува без работници. По 50 работници дневно ја напуштаат Босна и Херцеговина и се селат во Словенија.
Само лани во Словенија и Германија заминале скоро 20.000 работници. За 11 месеци минатата година Агенцијата за труд и вработување на БиХ издала дури 17.917 работни дозволи за Словенија, што е зголемување за скоро 10.000 работници во однос на 2020 година кога се издадени 7.887 одобренија, пренесува порталот Капитал. Месечно од домашниот пазар заминувале по 1.493 работници.
Но, голема е и бројката на луѓе кои се откажуваат од босанското државајнство.
Повеќе од 90.000 луѓе се откажале од државјанството на БиХ за 20 години.