Синдикатите велат дека се задоволни од покачувањето и новата методологија за пресметување на минималната плата и порачаа дека скалесто со ова треба да има зголемување на останатите плати.
Договорот за покачување на минималната плата ќе почне да важи со исплатата на платата за март што значи дека работниците новиот минималец ќе го добијат на почетокот на април.
Минималецот се зголемува за 2 800 денари (45 евра) односно од 15 200 на 18 000 денари.
Договорот беше постигнат по неколку состаноци на Економско-социјалниот совет односно по преговори меѓу Владата, Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и Организацијата на работодавци.
„Со дефинирањето на минималната плата на висина од 18 000 денари, сума која е воедно и двојно покачување од минималната плата од онаа во 2016 година, стануваме предводници во Европа со висината на уделот на минималната во просечната плата. Очекуваме оваа мерка позитивно да влијае на останатите плати во сите индустрии со што ќе се подобри стандардот на сите граѓани“,
Оваа мерка, рече премиерот, во најголема мера ги опфаќа вработените во микро и малите претпријатија, трговијата, преработувачката индустрија и други важни индустрии во земјата.
извор: 360stepeni.mk