Покриеноста на увозот со извоз изнесува 71,8 отсто. Државниот завод за статистика oбјави дека трговскиот дефицит лани бил 167,38 милијарди денари, односно 2,716 милијарди евра.
Македонија минатата година најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Кина.
Во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот. Во увозот, најмногу се застапени другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), платината и легурите на платина, необработени или во прав и керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба.
Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари – декември 2021 година, изнесува 6.922.573 евра и бележи пораст од 19.8 oтсто во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 9.638.290 евра, што е за 26.9 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – декември 2021 година, изнесува 2 .715.716 евра.