Минималната плата се зголеми на 18.000 денари, но од Teкстилниот кластер велат дека продуктивноста засега не може да се зголеми.
Со цел да се зголеми продуктивноста, потребна е нова и автоматизирана опрема, едукација на работниците, а воедно треба да се има в предвид дека во текстилната индустрија работат повозрасни работнички. Само 2 или 3 отсто од фирмите се во чекор со времето и новите технологии, и тоа најчесто се компании од главниот град, но треба да се има во обзир дека Македонија не е само Скопје и Штип, туку има многу фирми во другите градови кои едвај опстануваат.
На младите им е приоритет да работат во државно, и таа работа за нив е атрактивна. Во времето на Југославија било поинаку, но тогаш работникот во фабрика земал повисока плата од административниот работник.
Од Здружението на чевлари во Куманово велат дека продуктивноста не се зголемува само со добра волја, туку се потребни машини. Тие се со став дека продуктивноста во овие околности не може да порасне.
Под овие околности дел од работниците ќе добијат откази, а некои фирми ќе се затворат, бидејќи и онака не се опоравиле од ударот на падемијата. Зголемувањето на минималната плата треба да биде мотивација како за работодавачите така и за работниците, сé со цел да има продуктивност и мотивација за работа за двете страни.
извор: faktor.m