
Најскапата куќа во Америка штотуку се појави на пазарот, а нејзината цена е фантастични 295 милиони долари. Името ѝ е The One, се наоѓа во луксузната населба Бел Ер во Лос Анџелес и тоа на врвот на брдото со неверојатен поглед на околината. Само погледот вреди добри милион долари.
Од три страни е опкружена со базен со поглед или „бесконечен“ базен. Речиси двојно е поголема од претседателската Белата куќа. Има 21 спална соба и 49 бањи!
Меѓутоа, декорот и генерално самиот ентериер и естетиката на овој луксузен посед не изгледаат претерано креативно и оригинално. Уредувањето нема душа, но во секој случај, сигурно сè е многу скапо. Би живееле на вакво место?