Лани во декември во земјава престојувале 39.222 туристи од кои 53 отсто се домашни, а 47 отсто странски посетители кои оствариле 78.237 ноќевања при што 52,9 отсто реализирале домашните, а 47,1 отсто странските туристи.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2021 година бројот на туристите е зголемен за 50,3 отсто во споредба со претходната година. Кај домашните туристи има зголемување за 16,9, а кај странските гости зголемувањето е за 148,7 отсто.
Бројот на ноќевањата, пак, во 2021 година е зголемен за 36,3 отсто во однос на 2020 година. Кај домашните туристи има зголемување за 13,7, а кај странските за 165,1 отсто.