Несериозноста може да го минира вашиот напредок во кариерата и сериозно да ви ја наруши самодовербата…
Ако сте сами виновни за застојот во кариерата, пробајте работата да ја исправите во следниве чекори:
Одредете колку време е потребно за реализација на некој тежок план. Потоа одлучете што ќе правите кога тој план ќе се реализира. Тоа ќе ви помогне некоја одредена работа да ја видите како нешто на кое, по одредено време, ќе му дојде крајот.
Забавувајте се за полесно да го поднесете напорот. Излезете на пауза и почестете се едно кафе пред да почнете да се справувате со тешките телефонски разговори. Верувајте дека таа задача веднаш ќе делува барем малку полесно.
Замислете си некоја драга личност додека работите. Тоа може да биде дури и згодниот шеф или колегата кој е совршено организиран. Земете ги оние особини кои ги сакате кај нив и пробајте, барем накратко, да бидете некој друг. Помага… и релаксира.
Не работете апсолутно ништо цели 5 минути. Пијте вода додека се релаксирате. Кога тензијата ќе се намали и кога ќе се почуствувате по слободен, значи дека сте подготвени за работа… повторно.