Ако не се чувствувате исполнето на работното место тоа може да ви направи големи проблеми.
Колку пати сте посакале да го напуштите работното место, но едноставно не сте можеле да го направите тоа?
Се случува често да сте во право и поради некоја причина да не ви се допаѓа работата која моментално ја работите, но понекогаш вашето незадоволство може да се должи на сосема други работи во вашиот живот, а мислите дека во прашање е работата.
Затоа е многу битно пред донесување на било која круцијална одлука, добро да се преиспитате себеси и да утврдите што е тоа што навистина го сакате и што всушност ве прави незадоволни.
Кога секојдневно сте дел од опкружение кое не ви одговара, а таму поминувате голем дел од денот, тоа може лошо да влијае на вашето целокупно расположение.
Пред да помислите да ја промените моменталната работна позиција, да дадете отказ или да прифатите понуда за некое друго работно место, поставете си ги себеси ови неколку прашања:
- Што е тоа што ме нервира на работа? Плата, колеги или неможност за напредување?
- Дали шефовите ја почитуваат мојата работа?
- Дали можам да направам повеќе? Ако одговорот е ДА- конкретно размислете во кој сегмент можете да направите повеќе?
- Дали сум веќе долго време на истата работа?
- Дали имам други проблеми надвор од работата?
После тоа, задолжително наведете ги и оние работи што сè уште ве држат на вашето постоечко работно место. Ќе се согласите дека ако е толку лошо не би се двоумеле, туку веднаш би дале отказ, така да фокусирајте се и на добрите работи.
Луѓето обично се незадоволни, бидејќи секогаш размислуваат и се засноваат на она што го немаат, а во повеќето случаи имаат многу повеќе, едноставно не обрнуваат внимание на тоа.
Тоа е голема грешка кај сите нас.
Затоа, не брзајте, туку добро погледнете ги сите страни и бидете храбри да го промените она што навистина ве прави несреќни, бидејќи добро знаете дека „среќата секогаш ги следи храбрите“.