Како претприемач, вашата работа е секогаш да бидете чекор понапред од пазарот, секогаш подготвени со нова бизнис идеја. Без разлика дали сакате да дизајнирате нов производ или да го урнете пазарот, треба да бидете во можност да излезете со креативни решенија за проблемите од секојдневниот живот.
Кретивноста често не ни оди во прилог бидеќи ние сме навикнати на одредени норми. “Ние сме високо социјализирани и имаме фиксни претпоставки за тоа како изгледа светот”, вели Бери Стоу, организациски бихејвиорист на универзитетот во Каролина, Беркли. “Треба да се обидете да изградите нов свет”. За да го направите тоа, Стоу сугерира серија на вежби, сите дизајнирани да ви помогнат да сметате на поширок спектар на опции за да генерирате повеќе идеи.
Како што ќе ги правите овие вежби, пробајте да се спротиставите на вашите идеи што е можно повеќе. “Креативна личност е способна да ги суспендира своите ограничувања за подолг период на време”, вели Стоу. Процесот на селекција може да го отвори патот, креативноста бара слобода.
За да ги раздвижите вашите креативни мускули, пробајте ги следните три едноставни вежби:
1. Повторно размислете за веќе позната ситуација. Да се мисли покреативно треба да се разгледаат алтернативи за очигледните избори . Ако се претпостави дека расторанот ќе купи и подготви состојки за вашиот оброк , тогаш направете листа на други опции. Можеби клиентите да донесат свои состојки за куварот да им приготви оброк, или ресторанот да обезбеди состојки и клиентите да си готват сами на своите маси. “Мислете на спротивности или на радикални разлики” вели Стоу.
Тие вежби може да доведат до нови возбудливи бизнис идеи. На пример компаниите како „Bag Borrow“ или „Steal and Rent the Runway“, и двете им овозможуваат на клиентите да изнајмат облека од висока мода, започнаа како алтернатива на претпоставката дека мора да поседуваме своја гардероба.
2. Вежбајте кршење на правилата. “За да дознаете како да дејствувате креативно, мора да ги кршите нормите”, вели Стоу. Вежбајте кршење на правилата со безопасни прекршоци кои можат да бидат пријатни или непријатни, пример побарајте да читаат поезија преку спикерот во маркет, или понуда да се помогне на редарите на натпревар.
Во ред е ако ве собориле – поентата е да се чуствуваме удобно пробуваќи опции кои повеќето луѓе би ги отфрлиле веднаш. Овие лекции ќе ви помогнат да соберете храброст и да превземете креативни ризици. Самото кршење на правилата промовира креативност затоа што го прислува вашиот мозок да излезе од својата удобна зона. Исто така може да гледате на кој начин другите ги прекршуваат нормите.
3. Направете листа од работи кои ви пречат. Како што ќе тргне денот, Стоу сугерира да се направи “баг листа” или листа на работи кои треба да се избегнат. Можете да ги наведете бавниот интернет или бучавата од клима уредите. “Обично ако нешто ви пречи, тоа значи дека имате дупки во службата”, вели Стау.
Со разгледување на можни решенија, можете да се сопнете на производна можност. Пример, еден фрустриран пронаоѓач создал држач за чаши за вино како би го спречил нивното кршење во машината за садови.