ДПТУ Стил Кон Дооел Куманово, членка на Gerliko Group од Холандија, е компанија основана во Македонија со главна дејност производство и монтажа на челични конструкции и преработка на арматурно железо со 14 годишно искуство. Лоцирана во Мл. Нагоричане, одалечена 10 км од Куманово на магистрален пат Куманово-Софија.
Главна дејност на компанијата е изработка на челична конструкција и монтажа на конструкција, како за пазарот на западна Европа, така и за домашниот пазар.
Во моментот имаме потреба од вработување на:
Референт на материјална евиденција во сметководство и логистика
Аплицирајте
КЛУЧНИ ОДГОВОРНОСТИ:
- Внесување на примениот материјал во ЕРП по извршена контрола од магационерот
- Лоцирање на материјалот од залиха и требовање на материјалот во ЕРП
- Поврат на неискористениот материјал во ЕРП
- Издавање на готов производ и креирање соодветна документација во ЕРП
- Месечна проверка на готов и полупроизвод во соработка со шефот на производсто
- Подготвување на месечни извештаи за произведените количини на челик и арматура
- Доставување на месечните извештаи до финансискиот оддел
- Почитување на сите БЗР правила и стандарди и преземање на сите БЗР мерки при извршување на дневните обврски