Disney назначи нов извршен директор кој ќе ја води стратегијата за развој на метапросторот на забавниот гигант. Мајк Вајт е во компанијата повеќе од 10 години и сега ќе води тим кој вклучува група високи директори на Disney.
Во писмото до вработени, извршниот директор Боб Чапек рече дека метапросторот е „следната голема граница во раскажувањето приказни“ што треба да се истражи. Тој го опиша метапросторот како „идеално место за следење на нашите стратешки столбови на извонредност во раскажувањето приказни, иновациите и фокусот на публиката“.
Вајт ќе стане сениор потпретседател на Disney за „раскажување приказни и искуства на потрошувачите од следната генерација“. Во оваа новосоздадена улога, тој ќе распределува ресурси, ќе истражува можни партнерства и ќе поттикнува споделување на знаење за метаверзумот, објаснуваат од компанијата.
Технолошките гиганти како Meta и Microsoft вложуваат милијарди долари во развојот на технологии за метаверзумот. Ова беше причината поради која Facebook го смени името во Меtа. Microsoft, во меѓувреме, рече дека веќе додава 3D виртуелни аватари и околини во својот систем за разговор Teams, како дел од чекорите за развој на нови виртуелни светови.
Disney, од своја страна, го гледа овој нов тренд како следен еволутивен чекор во неговата речиси 100-годишна традиција на раскажување приказни.