Инфлацијата во Британија e највисока во последните 30 години.
Инфлацијата овој јануари е највисоката стапка во последните три децении, затоа што влијанието на зголемените сметки за енергија се внесува во широк опсег на стоки и услуги, зголемувајќи го животниот стандард на домаќинствата, објави Гардијан.
Канцеларијата за национална статистика (ONS) објави дека мерењето на индексот на потрошувачките цени (CPI) на инфлацијата се зголеми на 5,5 отсто во јануари од 5,4 отсто еден месец порано, поттикнати од цените на облеката, обувките и мебелот.
И Канада е во слична ситуација. Оваа земја има поскапувања какви немало цели 3 децении.