Имаме економска бура. Стандардот на граѓаните сериозно беше нарушен. Потрошувачката кошница е зголемена, но од друга страна во контекст на минималната плата, треба да се постави прашањето колкава треба да е минималната плата, и како тоа да се реализира. Мора да се дојде до моментот – одржливост. Мора да им објасниме на граѓаните – за да им дадеме на едните, треба да им земеме на другите.
Притисокот за скалесто зголемување е голем. Конкретното зголемување од 18.000, блиску до 17.000 денари беше пресметаката што може Буџетот да го издржи. Приватниот сектор, околу 20 милиони евра ќе е товарот на Буџетот. Економската логика е проблемот. Има притисок во определени сектори каде нема работници, самото прераспоредување може да е проблем. Најголемиот предизвик е јавниот сектор 130.000 административци, тоа е се околу 80 милиони евра само едноставно зголемување, тоа значи дека 22.000 административци да се вработат со минимална плата.
Овие пари треба некаде да се намалат, од некаде да се земат. Скалестото зголемување треба да оди етапно. Ако му дадете поголема плата на административецот, не значи дека неговата продуктивност ќе е поголема“ – изјави професор од Економскиот факултет.
извор: bankometar.mk