Или мерки или редуциран транспорт на стоки и услуги. Транспортерите го вклучија црвениот аларм поради екстремно зголемените трошоци. Растот на цените на нафтените деривати им ги наталожија сметките на превозниците.
Транспортерите со предлог мерки доставени до надлежните бараат помош за да можат да си ги покријат зголемените трошоци. Со оглед дека нафтените деривати во нивната работа учествуваат од 45 до 60 проценти во зависност од дестинацијата, високите цени на горивата во голема мера им го отежна нормалното работење. Превозот во никој случај не може да биде прекинат бидејќи земјата е повеќе од 90 проценти зависна од увоз и извоз на производи, но може превозот да биде редуциран. Во секој случај помош е неопходна за да може да се задржи ликвидноста велат транспортерите.
Од асоцијацијата на транспортери очекуваат властите да им излезат во престет за дел од нивните барања. Владина прес служба потврди дека ја имаат добиено листата на барања и следува период за нивно разгледување.
Согласно анализите од вкупниот број регистрирани транспортни компании, 90 проценти од нив се мали и микро фимри, додека 10 проценти имаат повеќе од 20 возила.
извор: denar.mk