Нема договор за зголемување на пензиите. Помпезно најавуваната средба во Владата заврши без никакви резултати. Следната е закажана дури за во март. По се изгледа ветеното покачување ќе дојде по неколку месеци, а неизвесно е и колку ќе изнесува.
Власта ги удостои пензионерите со средба, но не и со конкретен договор за раст на пензиите. Во срдечна атмосфера во големата владина сала двете страни ги започнаа преговорите, но не договорија ништо поконкретно. Очекувањата беа големи, но епилогот е дека се договорила само методологија за анализа на растот. Пензионерите се надеваат на решение кое ќе биде прифатливо за сите страни.
Желбите на пензионерите се пензиите да го следат растот на трошоците за живот и зголемувањето на минималната плата.
Методологијата за усогласување на пензиите ќе се менува со цел да се изнајде модел кој ќе овозможи одржливо решение на долг рок, договорија здруженијата на пензионери и Владата на денешната средба.
Следната средба е закажана во март. Бенефит од зголемувањето на пензиите треба да имаат 328.000 пензионери.
извор: bankometar.mk