За влез во Словенија не се потребни повеќе ковид пропусници, а оние кои биле во контакт со висок ризик со заразено лице не мора да бидат ставени во карантин.
Ова се промените во режимот на епидемиолошки рестриктивни мерки кои денеска стапуваат на сила во Словенија, пренесе агенцијата СТА.
Владата во Љубљана објави дека Ковид 19 повеќе не се смета за карантинска болест, па затоа нема потреба патниците да имаат доказ за вакцинација, реконвалесценција или тестирање.
Како резултат на овие измени, прекинато е следењето на контактите на заразените, но, според министерот за здравство на Словенија, Јанез Поклукар, остануваат на сила сите други ограничувања.
Извор. Вечер