
Од 200 тестирани основци за Ковид-19, само едно дете било позитивно – ова е резултатот од првиот ден скрининг во скопските училишта со брзи тестови, кој ќе продолжи во понеделник.
Здравствените власти се задоволни од реакцијата на родителите, а за потребните 1000 анализи добиле над 4000 согласности. „Доколку ваквиот тренд продолжи, тогаш ќе нема потреба од продолжување на овие анализи кај учениците“, изјави министерот за здравство, Беким Сали. „Она што го гледаме е дека повеќето држави одржуваат настава со редовност, нема онлајн настава, но меѓутоа за да бидеме релевантни и да не настане штета по нашите деца сепак овој скрининг ќе ја покаже вистинската насока по која се движиме“, изјави д-р Владимир Рендевски, заменик министер за здравство. Извор.ticka.com.mk