Вино, ликер, сода, малку мраз, парче овошје… Задоволство за очи, освежување по напорниот ден. Ретки се оние кои не сакаат коктели, а некои од нив се прославија во филмови и серии.
Од многу култни филмови и серии останале запаметени многу сцени, цитати, модни трендови, но и некои неодминливи коктели. Мартинито на Џејмс Бонд или Космополитен на девојките од „Сексот и градот“.
Покрај овие има и други коктели кои станале познати заради својата филмска улога, во рацете на холивудските ѕвезди.
Вотка мартини и Веспер за Џејмс Бонд и Мерлин Монро
Без разлика кој го глуми славниот Бонд од Шон Конери до Даниел Крег, секогаш е јасно дека агентот 007 пие со стил. Џејмс Бонд пие исклучиво протресено, а не измешано мартини, сув вермут со вотка, а не со џин, како што го пие Мерлин Монро во филмот „Седум години верност“.
White Russian за Џефри Дад Лебовски
Големиот Лебовски, во истоимениот филм постојано го пие White Russian. Не го испушта од раката, бидејќи или само го меша или дотура, но чашата не ја остава и не дозволува ниту капка да падне залудно. Има информација дека во текот на снимањето на сите сцени тој има испиено 9 вакви коктели.
Маргарита за Џулија Робертс
А во филмот „Свадбата на мојот најдобар пријател“, Џулија Робертс заедно со нејзиниот пријател, кој го прекршува ветувањето и сака да се ожени со друга, нарачуваат токму Маргарита.
Космополитен за Сара Џесика Паркер
Тешко е да ја замислите Кери Бредшо без мартини чаша во раката. Космополитен беше омилениот пијалак на девојките од култната серија „Сексот и градот“. Не само што стана препознатлив по оваа серија, туку тој беше омилен во целата ера од деведесеттите во Њујорк.
Sex on the beach за Том Круз
Во филмот „Коктел“ од 1988 година, Том Круз кој е во улога на последниот „поет-бармен во светот“, Брајан Фленеган, се качува на шанкот и рецитира композиција за најпопуларните пијалаци. Sex on the beach и денес е еден од најпопуларните коктели.