Владата на Германија денес ги усвои одлуките за зголемување на минималната саатница на 12 евра, со што е исполнето клучното ветување на канцеларот Олаф Шолц.
Германија има минимална саатница од 2015 година а воведена е на инсистирање на Социјалдемократските странки кои во тоа време беше помал партнер во владејачката коалиција со конзервативците на Ангела Меркел.
Минималната саатница на почетокот изнесувала 8.5 евра, но нејзиниот износ редовно го разлгедува комисијата која ја сочинуваат претставници на синдикатот и работодавците.
– Многу граѓани во нашата земја работат многу, но заработуваат малку. Тоа мора да се промени. За мене ова е еден од најважните закони и прашање на почитување, напиша Шолц на Твитер.
извор: vesnik.com