Понекогаш сте под искушение да гледате некое видео на YouTube, но не сакате тоа да се појавува во History. За таквите моменти, YouTube додаде опција Incognito Mode, која работи многу слично на истоимената опција на интернет прелистувачите.
Оваа опција засега е достапна само за корисниците на Android телефони и од компанијата нема информации дали таа некогаш ќе стане достапна и за iOS.
За Android корисниците, целата постапка е многу едноставна. За да го вклучите Incognito Mode, најпрво вклучете ја апликацијата YouTube на вашиот телефон и притиснете на вашиот аватар. Откако ќе го направите тоа, ќе ви се појави мени во кое ќе можете да ја најдете опцијата Turn On Incognito.
Ако случајно не ја гледате таа опција, апдејтирајте ја вашата YouTube апликација преку Google Play Store. Во случај таа да не се појави и по апдејтот, дајте ѝ неколку дена. YouTube почна со тестирање на оваа опција уште во мај, но Android корисниците ја добиваат дури оваа недела.
Откако ќе завршите со гледање на видеото (или видеата) во Incognito Mode, не заборавајте повторно да ја исклучите оваа опција за вашиот YouTube профил повторно да функционира нормално и да ги памти видеата во History.
kajgana.com