И покрај секојдневниот раст цените на прехранбените производи, на сметките за домување, па и на транспортот, од Владата тврдат дека засега нема сериозен ценовен шок за граѓаните. Проценката на надлежните е дека со мерката за замрзнати цени и со ограничените маржи, дури и некои цени се намалувале. Но, граѓаните забележуваат само тренд на поскапување.
Може ли да се сетите на цените на три производи кои сте ги пазареле во ноември лани и денес?
„Сирење 185, сега 235 денари за кило. Кашкавал 285 – 335 денари, грав 55 денари, сега е 65 денари“, рече еден граѓанин
„Секој ден се зголемуваат цените, секое пазарување има нови цени. Властите велат дека нема ценовен шок? За нив сигурно нема“, граѓанин
„Знам дека цената на зеленчукот е многу покачена. Колку? Многу.“
Алсат побара цени на прехранбени производи од еден од најголемите ланци на маркети во Македонија. Податоците покажуваат дека за неколку месеци граѓаните плаќаат сериозно повисоки цени за набавка на храна. Поскапо е кафето, оризот, гравот, намазите, јогуртот, тоалетната хартија, детергентите и останати производи кои граѓаните редовно ги купуваат.
Цени на прехранбени производи
Ноември 2021/Февруари 2022
маргарин 29 ден 33 ден
мајонез 124 ден 139 ден
кафе 200г 72 ден 92 ден
јогурт 1л. 42 ден 48 ден
ориз 1кг 51 ден 55 ден
грав 52 ден 59 ден
ајвар 139 ден 165 ден
чоколаден крем 99 ден 104 ден
кечап 55 ден 58 ден
тоалетна хартија 109 ден 125 ден
сјај 108 ден 125 ден
До крајот на овој месец истекува мерката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи. Потоа од први март до крајот на мај во сила ќе биде одлуката на Владата со која на трговците им ги ограничи маржите и тоа за 5 отсто на големо и 10 отсто во трговијата на мало.
„И покрај тоа што цените на основните прехранбени производи од страна на Владата се замрзнати во последниве неколку месеци, сепак во дел од маркетите цените растеа. А, за тоа потврда даде и Државниот завод за статистика, од каде регистрираа раст на цените на основните прехранбени производи во месец јануари.“