The Great Resignation зема замав и во нашиот регион
И нашиот регион го зафати трендот којшто се појави во САД, познат како „The Great Resignation“, или „Големиот отказ“.
Истражувањето на MojPosao (Хрватска) покажува дека работниците најмногу заминуваат поради тоа што ги доживуваат меѓучовечките односи во компаниите како лоши.
Ова истражување е спроведено на 800 вработени и 26 работодавачи кои ги запрашале дали во последните година дена, повеќе размислувале за тоа да дадат отказ од пред пандемијата.
Анкетните податоци се прилично интересни – дури половина од испитаниците (51 %) кои во последната година биле вработени, истиот период дале отказ и го смениле работниот амбиент. Притоа, мажите (54%) дале најмногу откази.
Најчеста причина за отказите се лошите меѓучовечки односи
Вработените најчесто даваат откази поради лошите меѓучовечки односи, односно бидејќи имале чувство дека компанијата ги цени недоволно. Прениската плата е дури на трето место на листата на прични за давање на отказ.
Дури 84 % од оние со една година работно искуство во последните 12 месеци дале отказ, а севкупно 18% од оние кои имале до 10 години работно искуство ја напуштиле работата.
Интересно е тоа што дури 88% од анкетираните работодавачите изјавиле дека во последно време забележале зголемена стапка на заминување на работниците.
Инаку, тие се уверени дека луѓето даваат откази, најпрво, поради премалите плати. Во однос на периодот пред пандемијата, вработените се почесто размислуваат да дадат отказ поради потценетоста и заситеноста од работата.
The Great Resignation во Хрватска се‘ уште нема земено толку големи размери како во Америка. Меѓутоа, дефинитивно е видливо дека вработените започнале да ги преиспитуваат што своите, што вредностите на компанијата и повеќе размислуваат за тоа, што е за нив подобро, отколку пред две години. Лошите меѓучовечки односи, компании кои не ги ценат напорите на вработените, ниските плати и лошите работни услови, се сегментите кои вработените ги наведуваат при преиспитувањето на својот работен однос, заклучуваат од порталот „MojPosao“.
The Great Resignation, исто така познат како Big Quit, е тренд во кој вработените масовно доброволно даваат отказ од работа. Започнал од почетокот на 2021 година, првенствено во Соединетите американски држави.
Меѓу можните причини за појавата на овој тренд се:
- стагнацијата на платите сред растечките трошоци за живот;
- економската слобода која ја овозможуваат надоместоците поради ковид – 19;
- долготрајното незадоволство од работата и
- загриженоста за безбедноста на здравјето поради пандемијата.