Маслото за јадење во 2011 година чинело 83,59 денари за 1 литар, во 2015 било 64,95 денари, а ние сега го најдовме во една продавница што важи за поевтина во градот по цена од 95 денари за еден литар, но истото масло во некои продавници е и по 105 денари.
Се вративме во 2011 година кога имаше високи цени поради последиците од Големата финансиска криза, па во 2015 година, кога веќе се заблежа значителен пад на цените и се обидовме да ги „скенираме“ сегашните цените низ продавниците, затоа што таков статистички извештај се уште нема.
Еден килограм леб од пченично брашно тип 500 во 2011 година чинел 53,31 денари, до 2015 година има мало корегирање и цената е 50,04 денари, а сега, според цените во продавниците тој е околу 65 денари за еден килограм. Се водевме од овие цени: лебот од Стара фурна од Прилеп кој е од ваков вид на брашно и кој е во пакување од 550 грама чини 38 денари, што значи дека 1 килограм чини 69,09 денари, полубел на Жито лукс чини 32 денари за 470 грама, што знали дека е 68,08 денари за 1 килограм, домашен леб од фурна Диме е 30 денари за 500 грама, односно 60 денари за килограм…
Маслото за јадење во 2011 година чинело 83,59 денари за 1 литар, во 2015 било 64,95 денари, а ние сега го најдовме во една продавница што важи за поевтина во градот по цена од 95 денари за еден литар, но истото масло во некои продавници е и по 105 денари.
Пред 11 години за едно јајце статистичарите извадиле просечна цена од 7,04 денари. Овој производ, во 2015 година имал повисока цена и се продавал по 8,07 денари. Сега, за јајацата има разлилни цени зависно од големината на јајцето и од големината на пакувањето, Најевтини пакувања од по 30 јајца се по цена од 172 денари, но има и пакувања од 105 денари за 10 јајца, па нашиот просек покажува цена од 8,12 денари за јајце.
Шеќерот во 2011 година ја има достигнато највисоката цена, и се продвал по 55,79 денари за 1 килограм. Во 2015 година неговата цена е драстично намалена и тој чини 33,53 денари по килограм. Шеќерот сега низ продавниците е 40 денари, но во пакување од 900 грама, што значи дека 1 килограм чини 44,44 денари.
Бензинот Еуросупер БС-95 во 2011 година се продавал за 76,09 денари за еден литар, во 2015 година за 65,8 денари, а неговата последна цена е 82,5 денари за литар (во текот на денот се очекува нова одлука за цена).
Хамбургер, во просек во 2011 година се продавал по цена од 81,85 денари, во 2015 година неговата цена достигнала 91,14 денари, а сега, според љубителите на „фаст фуд“ храната просекот за хамбугери е 150-160 денари.
Според овие податоци, еве како се движеле цените на избраните производи од Државниот завод за статистика (во денари) :
ПРОИЗВОД | 2011 | 2015 | ЈАНУАРИ 2022 |
Леб | 53,31 | 50,04 | 65,00 |
Масло за јадење | 83,59 | 64,95 | 100,00 |
Јајце | 7,04 | 8,07 | 8,12 |
Шеќер | 55,79 | 33,53 | 44,44 |
Еуросупер БС 95 | 76,09 | 65,80 | 82,5 |
Хамбургер | 81,85 | 91,14 | 155 |
Но, цените сами по себе не би биле ништо, ако не се споредат со просечната плата. Па како што направија и искусните статистичари од Државниот завод за статистика ја „претвораме“ платата во количини од овие производи, за да ја видиме нејзината куповна моќ. Бидејќи нема податоци за просечната плата во јануари, во предвид ја земаме платата од декември, а поради замрзнувањето на цените, основните прехранбени производи беа со иста цена и во декември и во јануари.
извор: zelenaberza.com.mk