Во здраво тело – здрав дух, сме го слушнале ова безброј пати, но со современото брзо темпо на живот тешко е да се натераме да направиме промени на подобро во рутината и уште потешко да најдеме мотивација за да истраеме во спроведување на тие промени.
Ако сте си поставиле цели од типот „Ќе се хранам поздраво“, „Ќе вежбам редовно“, ќе ги подобрам здравјето и изгледот за 6 месеци.“ итн. тогаш сигурно ви треба некој да ги следи вашите резултати, да ве потсетува кога ќе се опуштите и да ве мотивира кога забушавате.
Сепак, постојаното будно следење на физичката активност лесно може да ве доведе во ситуација да се чувствувате лошо и вознемирено за време на неактивен период или кога напредокот не оди како што очекувавте. Иако уредите за следење на нашите активности се насочени кон лично подобрување, постојаното следење може да доведе до демотивација.
Еве неколку совети како успешно да воспоставите и одржувате здрави навики и да го извлечете максимумот од следењето на вашата фитнес рутина за мотивираност и брз напредок без нервоза.
Низа помали но остварливи цели
Мотивацијата е клучот за успехот и затоа е важно правилно да се мотивирате. И покрај фактот што сите ги знаеме здравствените придобивки од вежбањето, борбата започнува кога сакаме редовно да вежбаме. Понекогаш сме уморни, понекогаш не уживаме во тренинзите, а многу често други области од животот стануваат приоритет, па немаме време за себе.
Решението е серија помали, остварливи цели кои се полесни за следење на патот до големи промени во животниот стил кои се наша крајна цел.
Поставувањето SMART (паметни) цели помага на патот кон успехот. SMART е кратенка за специфичен, мерлив, остварлив, релевантен и навремен. Што значи ова во пракса? На пример, ако вашата цел е да трчате 5 километри, поставете си цел да трчате пет минути без застанување, без разлика на брзината и поминатите километри.
Секогаш бидете реални и искрени со себе и имајте на ум дека вашите цели можат да се променат, а тоа е исто така во ред. Во исто време, не оптоварувајте се со социјалните стандарди за имиџот на телото, туку фокусирајте се на мотивацијата подлабоко од броењето калории или преземените чекори. Размислувајќи на овој начин, ќе почнете да гледате на бројките во сосема ново светло, надвор од менталитетот на успех или неуспех на патот кон постигнување на целите.
Паметните уреди како мотивациска алатка
Паметните часовници и нивните функции за следење на вашата физичка активност стануваат сè попопуларни. Како и паметните телефони, тие станаа наши постојани придружници, не само како обични технички уреди, туку и како корисна алатка која нè следи, нè мотивира и „турка“ напред. Анализирањето на податоците за тоа колку се движиме, спиеме или одмораме е забавно, но во исто време оваа свесност за (не) активност нè мотивира повеќе да вежбаме, да преземеме важни чекори за да обезбедиме подобар сон, а со тоа и да го подобриме квалитетот на нашиот живот.
Користете ги апликациите Galaxy Watch4 и Samsung Health за да отворите нова перспектива во вашите цели за вежбање – и да го направите фитнесот забавен и да ви дава моќ.
Најдете активност што ја сакате
Ако не уживате во тренинзите, многу помали се шансите да се вратите на нив. Пробувајќи различни вежби сигурно ќе најдете нешто што ви се допаѓа. Јога, аеробик, пилатес, кардио, кревање тегови, трчање, возење велосипед… Изборот е огромен.
Честопати дозволуваме очекувањата да ги обликуваат нашите вежби и да се фокусираме на она што мислиме дека треба да го правиме, а не на она што го сакаме. Со опсегот на фитнес програми достапни во апликацијата Samsung Health, можете да продолжите да експериментирате додека не најдете нешто во што навистина уживате. Без разлика дали се работи за истегнување, кик-бокс или возење велосипед, можете рачно да следите до 90 тренинзи на вашиот Galaxy Watch4 за да ве држи на вистинскиот пат и да ги исполните вашите цели.
„Со мала помош од пријателите“
Има многу придобивки од вежбањето со пријателите. Прво, држете се меѓусебно мотивирани и одговорни. Непотребно е да се каже дека мала пријателска конкуренција може да биде забавна промена на вашата вообичаена рутина.
Samsung Health има функција Together за да започнете своја сопствена фитнес група и да создадете тимски предизвици во кои вие и вашите пријатели во групи се натпреварувате едни против други во одредени активност или едноставно во бројот на направени чекори во денот. Можете дури и да учествувате во глобалните месечни предизвици организирани од Samsung Health за да постигнете нови цели.
„Слободни“ денови – можност за да се исклучите
Помеѓу работа, училиште и балансирање на другите обврски, нереално е да мислите дека никогаш нема да пропуштите ден за вежбање. Затоа е од клучно значење да си дадете дозвола да го исклучите вашиот монитор за активности и известувањата за тоа. Ако знаете дека нема многу да пешачите, вежбате, па дури и да се движите наоколу (да речеме дека се подготвувате за тест или не се чувствувате добро), исклучете ги сите програмирани известувања на вашиот Galaxy Watch4 за да избегнете потсетници за пешачење или вежбање. На тој начин можете да се фокусирате на она на што трееба да биде приоритет: вашата благосостојба.
Планирајте ги деновите за одмор
За успех на патот кон здрав живот потребно е, а во исто време корисно и мотивирачко да ги планирате деновите за одмор во вашиот календар.
Размислете за деновите за одмор како неопходен дел од тренингот што му овозможува на вашето тело да се опорави по напорната работа. Направете го вашиот одмор ден со блокирање на календарот на вашиот Galaxy уред и поставување потсетници за да можете хармонично да планирате.