Од денеска општина Аеродром ги укинува дополнителните давачки што родителите досега ги издвојуваа за своите деца во градинките, додека во текот на годината целосно ќе бидат скратени сите дополнителни трошоци.
Со оваа одлука, родителите ќе бидат ослободени од трошоците кои ги издвојуваа за хигиенскиот пакет, а во него се вклучени разни санитарни и хигиенски средства. Со цел подобри услови во градинките, многу често се воведуваат промени кои се насочени кон постепено намалување на сите дополнителни трошоци кои претставуваат товар за секое семејство. Од 1 септември оваа година ќе бидат целосно укинати и сите трошоци кои се издвојуваат за наставно-образовни материјали за работа по групи во градинките.
извор: vecer.press