Иако привлекува многу љубители на природата, локалните статистики наведуваат дека само девет луѓе чекореле на овој остров.
Островот Клефт, попознат како Skull Rock, е дел од Националниот парк во Викторија во Австралија. Тоа е мало островче со неверојатен облик кое привлекува големо внимание.
Благодарение на својата положба, јаките ветрови и бранови со текот на времето го обликувале островот, односно на него има пештера широка 230 метри, длабока 60 метри и висока 60 метри.
Иако привлекува многу љубители на природата, локалните статистики покажуваат дека само девет луѓе оделе по овој остров, помалку отколку од површината на Месечината.
Причината за тоа лежи во непристапноста на островот и високите и лизгави карпи по кои качувањето би можело да биде навистина опасно.
Еден од ретките среќници кои го посетиле островот е новинарот Нил Оливер кој тоа го направил во ТВ серијата „Крајбрежјето на Австралија“ во 2015 година.
Заедно со својата екипа со хеликоптер се спуштил на врвот од островот и се спуштил во пештерата.
Тие таму пронашле распадната топовска топка за која локалните историчари претпоставуваат дека потекнува од старите бродови кои го користеле островот како мета за вежби.